Top Sport

Фонсека одбил да поднесе оставка, ќе заминел по завршувањето на сезоната

Тренерот на Рома, Паоло Фонсека, одбил да поднесе оставка на функцијата. Италијанските медиуми пишуваат дека тој ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Рома се наоѓа во лоша форма, во финишот на сезоната. На последните пет натпревари, избраниците на Паоло Фонсека освоиле само четири бода, а во Лига Европа беа прегазени од Манчестер јунајтед со 6:2.

Рома, на табелата, има девет поени помалку од Лацио, во борбата за место во Лига Европа. Во овој момент, Рома има пласман кој на клубот му обезбедува место во Конференциската лига.

Фонсека, во присуство на својот менаџер, во понеделникот, имал состанок со клупските челници. Клубот не му врачил отказ, а Фонсека рекол дека нема да поднесе оставка. Рома потврдиле дека тој ќе замине по завршувањето на сезоната.

Главен кандидат за нов тренер на Рома е Маурицио Сари.

AnimeDao detective conan animedao: Kimetsu no Yaiba: Yuukaku-hen Episode Preview

KissAnime kissanime beastars: Banana Fish Episode 24

Scroll to Top