Top Sport

„АС“: Умтити се сели во Јувентус

Играчот на Барселона, Самјуел Умтити, кариерата ќе ја продолжел во Јувентус, пишува весникот „АС“. Според истиот извор клубовите веќе ги договориле деталите околу преселбата на Умтити во Торино.

Умтити, летово ја освои светската титула со Франција, а потоа поради повреда пропушти голем дел од сезоната. Поради тоа остана без местото во првиот тим на Барселона. Партнер во одбраната на Џерар Пике сега му е Клеман Ленгле, а за наредната сезона конкуренцијата може да му биде и поголема, бидејќи Барселона имаат намера да го донесат и МатијасДе Лихт од Ајакс.

Поради тоа Барселона решиле да го продадат играчот кој лани го продолжи својот договор до 2023 година.

„АС“ тврди дека тој ќе заврши во Јувентус, иако голем интерес покажале Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Центата на 25 годишниот фудбалер изнесува околу 70 милиони евра.

Scroll to Top