Top Sport

Асенсио со хет-трик, Реал со „шестка“ за Мајорка

Реал Мадрид повторно се лидери во шпанската Ла лига, откако на „Сантијаго Бернабеу“ ја „торпедираа“ Мајорка со 6:1 благодарение на хет-трикот на Марко Асенсио.

Дека вечерта нема да биде најдобра за гостите, се покажа уште во третата минута кога Карим Бензема постигна гол за 1:0, за Асенсио да го уфрли својот прв гол во 24. минута. Гостите се заканија веќе во следната минута преку голот на Ли-Канг Ин, пред Асенсио само пет минути подоцна да ја врати предноста од два гола.

Во второто полувреме во 55. минута, Асенсио го комплетираше хет-трикот, за Бензема во 78. минута да го го постигне својот втор гол, а Иско во 84. минута да го комплетира мечот. Реал со пет победи во шест меча оваа сезона е на првото место со 14 поени, два повеќе од актуелниот шампион, Атлетико.

ЛА ЛИГА, 6.КОЛО

Реал Мадрид – Мајорка 6:1

Вилјареал – Елче 4:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top