Top Sport

Асенсио заминува, доаѓа Брахим Дијаз

Марко Асенсио (26) има договор со Реал Мадрид до следното лето. Доцна синоќа, каталонските медиуми пренесоа дека тој веќе договорил, како слободен играч, да се пресели во Барселона.

„Мундо Депортиво“, објави дека Реал знае кој играч ќе пристигне на местото на Асенсио. Станува збор за Брахим Дјаз од Милан. 23. годишниот фудбалер минатата и оваа сезона е позајмен во Милано.

Каталонските медиуми објавија дека Милан може да го купи Дијаз за 22 милиони евра, со напомена дека „Реал го има последниот збор“.

Инаку, Дијаз во 2014 година како јуниор замина од Малага во Манчестер сити. Не доби шанса од сонародникот Пеп Гвардиола, поради што во 2019 година дојде во Реал.

Поради големата конкуренција во тимот, Реал пред две сезони го позајми во Милан.

Scroll to Top