Top Sport

Билиќ ќе го преземе Вотфорд

Славен Билиќ (54) е блиску до нова работа, пишува британски „Телеграф“. Поранешниот хрватски селектор би требало да го преземе Вотфорд, член на Чемпионшип дивизијата.

Вотфорд штотуку го отпушти менаџерот Роб Едвардс, а Билиќ е првиот кандидат за негов наследник. Вотфорд во моментов е десетта екипа во Чемпионшип со учинок од три победи, пет нерешени и два порази. Целта на клубот е веќе оваа сезона да обезбеди враќање во Премиер лигата, а тоа ќе биде примарна задача на Билиќ.

Билиќ минатиот месец во интервју за „Телеграф“, изјави дека ја чека вистинската понуда, поради што го одбил грчкиот великан Олимпијакос.
Вотфорд минатата сезона испадна од Премиер лигата, а во оваа сезона ги задржа главните ѕвезди како Исмаила Сар и Жоао Педро.

Последниот ангажман на Билиќ беше во кинескиот Пекинг Гуан. Во Англија ги водеше Вест Хем и ВБА, со кои во сезоната 2019/2020 избори пласман во Премиер лигата. Билиќ во својата кариера ги водеше и Хајдук, У-21 и сениорската репрезентација на Хрватска, Локомотив Москва, Бешикташ и Ал-Итихад.

Scroll to Top