Фудбалската репрезентација на Македонија вчера и официјално ги почна подготовките за квалификациските натпревари за ЕВРО 2024, против Украина (16 јуни) во Скопје и против Англија (19 јуни) во Манчестер.
Селекцијата треба да се комплетира во текот на денешниот ден, кога треба да се приклучат Аријан Адеми, Езгјан Алиоски и Дејан Илиев.
Стефан Ашковски вели дека атмосферата во националниот тим е одлична и покрај напорната сезона што ја имаа сите фудбалери.
„Мило ми е што пак сме заедно, нѐ чекаат два натпревари против квалитетни селекции, но секако и шанса да видеме до каде се нашите можности. Тоа што се игра на крај на сезоната, мислам дека за сите е исто напорно, но кога играш за Македонија и за вакви натпревари, заморот го забораваме. Имаме победа од стартот и очекувам да ја продолжиме добрата низа на овие два меча“, изјави Ашковски.