Откако европскиот шампион Ливерпул реши да патува со својот прв состав на Светското клупско првенство во Катар, беше јасно дека од најмладиот тим на „црвените“ во историјата не може да се очекува да направи чудо во четврт-финалето на Англискиот лига куп и да ја елиминира Астон вила.
Вила немаше милост кон јуниорите и со четири гола во првото полувреме им нанесе 5:0 пораз и се пласираше во финалето во второто по јачина куп-натпреварување во Англија. Со просечна возраст на тимот од 19 години и 186 дена и под водство на У-23 тренерот на Ливерпул, Нил Кричли, гостите едноставно немаа што да очекуваат на „Вила парк“.
Ова стана јасно во првите 17 минути, кога прво Конор Хурихејн погоди за 1:0 во 13. минута, а потоа Морган Бојс, кој има само 18 години, си постигна автогол. Џонатан Коџија со двата гола во 37. и 45. минута го потврди патникот во полуфинале, пред Весли во 92. минута да ги постави конечните 5:0.