Српските медиуми тврдат дека тренерот на Партизан, Саво Милошевиќ е прв кандидат за преземање на клупата на неговиот поранешен клуб, Астон вила.
Астон вила се наоѓа пред тежок предизвик да остане во Премиер лигата оваа сезона, и од Бирмингем му нудат на Милошевиќ годишна плата од 2.25 милиони фунти и бонус од 725.000 фунти доколку го врати поранешниот европски шампион во Премиер лигата.
46-годишниот Милошевиќ одигра 90 натпревари за Вила од 1995 до 1998 година, по што замина во Сарагоса. Од минатата година тој е на клупата на Партизан.
Милошевиќ: Астон вила да ја освои титулата во чест на Уго Ехиогу (видео)