Астон Вила е еден од најактивните клубови во зимскиот преоден рок. На „Вила парк“, пристигнаа Лука Дињ и Филипе Кутињо, а следна цел на менаџерот Стивен Џерард е играчот на Јувентус, Родриго Бентанкур.
Астон Вила ги отвориле преговорите со Јувентус, околу уругвајскиот репрезентативец, објави Би-би-си.
Бентанкур од летото 2017 година е играч на Јувентус. Во тој преоден рок, Јувентус на Бока јуниорс им платија 15.700.000 евра. Договорот на Бентанкур истекува во јуни 2024 година.
Сезонава, Уругваецот има одиграно 26 натпревари за Јувентус.
Се шпекулира дека Астон Вила за неговите услуги ќе треба да плати околу 25.000.000 евра.