Top Sport

Аталанта го потврди првиот фудбалер со позитивен тест на корона вирусот

Голманот на Аталанта, Марко Спортиело е првиот фудбалер од клубот од Бергамо кој е позитивен на корона вирусот, потврдија од „Ла деа“.

Бергамо е еден од најпогодените градови од корона вирусот во Италија со неколку илјади мртви, а целиот свет стравуваше од снимките кои беа објавени како воени возила ги собираат ковчезите на жртвите од градот со 120.000 жители бидејќи локалниот крематориум беше преплавен со работа.

Покрај ова, се верува дека делумно фудбалскиот клуб е одговорен за оваа ситуација, односно натпреварот од осминафиналето од Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и Валенсија (кој италијанскиот клуб го доби со 4:1). Тој меч се играше на „Сан Сиро“ во Милано на 19 февруари, кога околу 44 илјади фанови од градот пристигнаа на стадионот.

Scroll to Top