Top Sport

Славната „Маракана“ се трансформира во болница!

Еден од најпознатите светски фудбалски храмови, „Маракана“ во Рио де Жанеиро е еден од повеќето бразилски стадиони кои ќе бидат трансформирани во болници каде што ќе се сместуваат заразените од корона вирусот.

Бразилската гордост „Маракана“ е инаку домашен стадион на клубот Фламенго, кој го предаде стадионот на локалните власти исто како што направија и нивните ривали Коринтијанс, Сантос, Сао Пауло и Гојас.

Во Бразил во моментов има околу 1.500 потврдени случаи на корона вирус и 25 починати луѓе. Бразилската фудбалска конфедерација (ЦФБ) го суспендираше фудбалот во земјата минатата недела, откако фудбалерите на Гремио излегоа на теренот носејќи маски во знак на протест што мечевите уште се оддржуваат.

Scroll to Top