Top Sport

Аталанта ја прекина лошата низа против Емполи

Лошата форма на Аталанта беше прекината во 27. коло од Серија А, откако успеја да стигнат до тешка 2:1 победа Емполи на домашен терен. Клубот од Бергамо немаше победа четири меча и ризикуваше губење на шансите за пласман во Европа.

Тајрон Ебуехи ги донесе Емполи во водство во финишот на првото полувреме, а Аталанта успеа да израмни во 58. минута од мечот преку Мартин де Рон. Расмус Хојлунд беше херој на тимот на Џанпјеро Гасперини, откако го постигна победничкиот гол во 86. минута.

Аталанта останува на шестото место со 45 поени, сега два зад Рома на петтото место, додека Емполи се 14-ти со 28 поени, удобни 9 поени над зоната за испаѓање.

Scroll to Top