Top Sport

Не помогна ниту Кампацо – Звезда падна во Барселона

Надежите на Црвена звезда за плејоф во Евролигата полека се гаснат, откако и покрај фантастичната партија на Факундо Кампацо, загубија со 85:79 од Барселона.

Кампацо постигна 24 поени, Филип Петрушев додаде 12, а двоцифрени беа и Митровиќ и Бентил (по 11 поени), но тоа не беше доволно да се сопре Барселона во последната четвртина. Никола Миротиќ и Јан Весели уфрлија по 21 поен за каталонскиот клуб, а Томаш Саторански имаше 13 поени и 5 асистенции.

Со овој пораз, Звезда има 12-17 скор и се наоѓа на 14. место на табелата, додека Барсеона има 19-10 скор за второ место.

ЕВРОЛИГА, 29.КОЛО
Барселона – Црвена звезда 85:79 (18:15, 22:21, 17:21, 28:22)
Баерн Минхен – Алба Берлин 75:76 (14:20, 23:18, 21:18, 17:20)

Scroll to Top