Top Sport

Аталанта контроверзно преку Венеција до четврт-финалето на Копа Италија

Аталанта со 2:0 ја совлада над Венеција за да се пласира во четврт-финалето на Копа Италија, каде што ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Наполи.

Муриел уште во 12. минута по одличната акција на клубот од Бергамо, постигна убав гол за предност на „Ла деа“. Фудбалерите на Венеција протестираа, инсистирајќи дека Колумбиецот играл со рака при приемот на топката, но и покрај ВАР проверката, голот беше признаен.

Точка на натпреварот стави Јоаким Меле по асистенција на Марио Пашалиќ во 88. минута од мечот.

 

Scroll to Top