Аталанта најде напаѓач во Ла Лига, што значи дека Расмус Хојлунд наскоро би можел да се пресели во Манчестер јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ со месеци го следат „новиот Халанд“. На неговиот трансфер инсиситира тренерот Ерик Тен Хаг.
Се очекува клубовите да договорат трансфер вреден околу 70 милиони евра во наредните денови.
Аталанта ќе го засили нападот со фудбалерот на Алмерија Ел-Билал Туре. Овој трансфер ќе изнесува 30 милиони евра.
Според италијанските медиуми, Туре во текот на денот треба да пристигне во Италија на лекарски прегледи, најверојатно во Милано за да се забрза процедурата.
21. годишниот фудбалер беше поврзуван со англискиот Евертон, но ја избра Аталанта поради шансата да игра во европските купови.
Напаѓачот од Мали минатата сезона постигна седум гола на 21 натпревар во Ла Лига.
Што се однесува до 20. годишниот Хојлунд, Аталанта ќе оствари огромна добивка и покрај купувањето на Туре, откако пред само една година за него на Штурм им плати 17,2 милиони евра.
Минатата сезона постигна 16 гола на 42 натпревари, а посебно внимание привлече во март годинава кога на стартот од квалификациите за пласман на ЕП, за Данска, за само три дена постигна пет гола.
Наводно за него е заинтересиран и ПСЖ, поради ситуацијата со Мбапе, но италијанските медиуми тврдат дека тој веќе ја договорил платата во Манчестер јунајтед.