Аталанта стигна до висока 4:2 победа над Наполи, победувајќи ги ривалите од јужна Италија вторпат овој месец, по елиминацијата од полуфиналето на Копа Италија, поставувајќи дополнителен притисок на тренерот Џенаро Гатузо.
По првото полувреме без голови, Дуван Запата во 52. минута ги донесе домаќините во водство, но само шест минути подоцна Пјотр Зиелински израмни на 1:1. Робин Госенс во 64. и Луис Муриел во 71. минута донесоа 3:1 водство, за Наполи да ја намали предноста по автоголот на Госенс во 76. минута. Но, сите надежи за камбек ги уништи Кристијан Ромеро во 79. минута.
Со победата, Аталанта е на четвртото место на табелата со 43 поени, израмнувајќи се со третопласираната Рома и со петтопласираниот Лацио, додека Наполи се седми со 40 поени.