Top Sport

Санчо за трета победа во низа на Јунајтед, Лестер остануваат на дното

Манчестер јунајтед на Ерик Тен Хаг, очигледно, полека се „стабилизира“ по катастрофалниот старт на сезоната, стигнувајќи до трета победа едноподруго по 1:0 триумфот кај Лестер, за да се искачат на петтото место на табелата. Од друга страна Лестер остануваат на дното на табелата со само 1 поен.

Тен Хаг повторно се реши да го стартува мечот без капитенот Хери Мегваер, Кристијано Роналдо и новото засилување Касемиро, но тоа донесе резултат кога во 23. минута Маркус Рашфорд му асистираше на Џејдон Санчо кој со одличен потег донесе водство.

Роналдо и Касемиро добија шанса во второто полувреме, но Лестер беше поактивниот тим, но одбраната на Јунајтед повторно беше релативно стабилна за да ја обезбедат победата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top