Top Sport

Аталанта спаси реми со Интер, Мхитарјан со хет-трик ја реши Џенова

Алексеј Миранчук го постигна својот прв гол како фудбалер на Аталанта, за да обезбеди 1:1 реми во дербито на Ломбардија со Интер, додека Џенова со Горан Пандев повторно загуби, овојпат дома со 1:3 од Рома во седмото коло во Серија А.

„Нераѕурите“ имаа водство во Бергамо од 58. минута кога Ешли Јанг му намести убава топка на Лаутаро Мартинез, а овој со глава го матираше голманот. Меѓутоа, Миранчук, кој дојде ова лето од Локомотив Москва, во 79. минута со убав гол од далечина обезбеди поен за „Ла деа“. Интер остануваат на шестото место со 12 поени, додека Аталанта се едно место пред нив со 13.

Џенова со Горан Пандев како замена во второто полувреме, загуби дома со 1:3 од Рома за шести меч без победа, откако Хенрик Мхитарјан постигна хет-трик за „волчицата“.

СЕРИЈА А, 7.КОЛО

Аталанта – Интер 1:1

Џенова – Рома 1:3

Торино – Кротоне 0:0

Scroll to Top