Тимот на Аталанта по низата од шест меча без пораз (четири победи и две ремија против Јувентус и Рома), успеа да се искачи на петтото место во Серија А.
Понеделничкото тешко гостување на Сардинија кај Каљари беше решено во 50. минута од мечот, кога Тимоти Кастањ убаво го пронајде Ханс Хатебер во шестнаесетникот, за гол вреден победа.
Аталанта се на петтото место на табелата со 35 поени, колку што имаат и Рома и Лацио (но со послаба гол разлика), додека на четвртото место „бега“ Милан со само еден поен повеќе најавувајќи интересна борба за пласман во Европа напролет.
Каљари пак, ќе мора да брка опстанок, откако поразот го остави на 15. место со 21 поен, четири над зоната за испаѓање.
Фото: ЕПА