Top Sport

Атанасов: Среќен сум за голот, но не ми значи ништо кога загубивме на „Максимир“

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов постигна прекрасен гол за Хајдук Сплит во дербито против Динамо Загреб во првенството на Хрватска. „Билите“ имаа предност по првиот дел, но потоа Динамо оствари убедлива победа (4:1) со головите на Мартин Батурина, Аријан Адеми, Амер Гојак и на Мислав Оршиќ.

По натпреварот, Атанасов рече дека е среќен поради голот, но поразот го истисна чувството на среќа.

„Во првото полувреме се држевме, игравме добро, постигнавме гол на крајот. Среќен сум за голот, но кога ќе видам дека загубивме со 4:1, овој гол не ми значи ништо. Овој ритам е малку потежок, клупата исто така треба да биде подготвена. Мораме да го заборавиме овој пораз денес и да работиме на грешките што ги направивме после водството од 1:0“, изјави Атанасов.

Хајдук Сплит сега го очекува натпревар против Вилјареал.

„Ќе се регенерираме, па што ќе даде Господ. Фокусот е на Вилјареал, ќе дадеме се од себе, се надеваме дека ќе победиме“, истакна одличниот играч за врска.

Scroll to Top