Top Sport

Атлетик ги загуби нервите со Беризо!

Помалку од една година откако доби отказ од Севилја, аргентинскиот тренер Едуардо Беризо доби отказ и од Атлетик Билбао по слабиот старт на сезоната на баскискиот гигант.

Атлетик има само една победа во 14 меча во Ла лига, а во понеделникот загуби со 3:0 од Леванте, по што е на 18. место на табелата. Атлетик се гордее со тоа што покрај Реал Мадрид и Барселона е единствениот клуб кој не испаднал од првата шпанска лига, но сега им е потребно чудо да се спаси сезоната.

„Од утре, Гаизка Гаритано ќе биде преоден менаџер на Атлетик клуб“, се вели во соопштението на Атлетик.

Гаитано, кој претходно играше за Атлетик, претходно беше менаџер на Еибар, а кратко работеше и во Депортиво Ла Коруња и Реал Валјадолид.

Баскискиот тим посебно се мачеше да стигне до победи, иако имаше дури осум нерешени натпревари, меѓу кои во дуелите со Барселона и Реал Мадрид.

Scroll to Top