Атлетик Билбао веднаш најде замена за Ајмерик Лапорт кој стана нов член на Манчестер Сити. Ињиго Мартинез, дефанзивецот на Реал Сосиедад, за рекорден трансфер ќе пристигна на „Сан Мамес“.
Откако остана без најдобриот дефанзивец, Атлетик Билбао, реши да ја активира откупната клаузула која во договорот ја има Мартинез.
Атлетик за дефанзивецот ќе плати 32 милиони евра, а тој ќе стане најскапото засилување во историјата на клубот од Баскија. Досегашниот рекорд го држеше Роберто Риос, кој во далечната 1997 година за 12 милиони евра дојде на „Сан Мамес“.
Во клубот сметаат дека 26-годишниот Мартнез ќе биде идеална замена за Лапорт.
Ињиго Мартинез до крајот на сезоната ќе може да игра само во првенството на Шпанија, бидејќи во првиот дел од сезоната со Реал Сосиедад играше во Лига Европа.