Top Sport

Атлетик ја „сопна“ Севилја на „Писхуан“ – титулата се чини недостижна

Иако цела Андалузија вечерва очекуваше победа и 3 бода за Севилја на „Рамос Санчез Писхуан“ за да продолжи сонот до титулата во Ла Лига, Атлетик од Билбао го сруши тој сон.

Со голот на Инаки Вилијамс во 90 минута Баскијците и зададоа удар на Севилја по кој тешко дека ќе се опорават затоа што до крајот на сезоната во Шпанија има уште 4 кола.

Конечни 0-1 на семафорот и заостаток на четвртопласираната Севилја од цели 6 бода зад лидерот Атлетико Мадрид.

Ако се погледне статистиката на мечот покажува дека поседот на топката бил 73-27 % на страна на домашната екипа. Бројот на удари кон противничкиот гол е 18 наспроти 8 за Андалузијците.

Сепак, само ударот на Вилијамс го најде патот до мрежата што во моментов освен што за Севилја значи збогување (најверојатно) од трката со „големата тројка“, за тимот од Билбао носи пласман на 9. позиција.

Во следното коло Севилја гостува кај Реал, но прашање е со какви мотиви.

Ова се најинтересните моменти:

Scroll to Top