Top Sport

Будуќност води 1-0 во црногорското полуфинале во АБА лига

Тимот на Будуќност од Подгорица стигна до предност од 1-0 во првиот полуфинален меч од плеј офот во регионалната кошаркарска АБА лига.

Предмалку домашните со 97-88 славеа против тимот на Морнар од Бар и направија исчекор кон ново финале во регионалното натпреварување.

Освен во првиот дел кога имаа негатива од 3 поени, во сите останати три периоди од играта кошаркарите на Будуќност покажаа сила, прецизност и концентрација, па триумфот не беше доведен во прашање.

Најефикасен во победничкиот тим беше Кобс со 22 поени, Ивановиќ постигна 18, а зад нив беше Рид со 13.

Во поразениот тим се истакна Џејсон Пулен со 24 поени.

Вториот меч од полуфиналниот двобој подобар до 2 победи се игра во петок во Бар, а евентуалната мајсторка ќе се одигра во главниот град на Црна Гора.

AnimeFreak free anime: Wonder Egg Priority Episode 12

AniWatch aniwatch me: Watch Hunter x Hunter Episode 81

Scroll to Top