Top Sport

Атлетик во финишот го растури Сосиедад во баскиското дерби

Атлетик Билбао прво пропуштија совршена шанса од белата точка да дојдат до водство против своите баскиски ривали Реал Сосиедад, за на крајот да дадат два гола за четири минути во второто полувреме за фантастична 4:0 победа.

Икер Муниаин во 32. минута од мечот доби шанса од пенал да ги донесе Атлетик во водство, но Алекс Ремиро го одбрани неговиот удар. Домаќините на „Сан Мамес“ имаа повеќе од играта, но чекаа до 68. минута за Даниел Вивијан, конечно, да им донесе водство. Само четири минути подоцна Охијан Сансет зголеми на 2:0, за Ињаки Вилијамс во 80. минута да го даде третиот гол, за Муниаин да се поправи во 89. минута за потврдување на големата победа над големите ривали.

Со победата, Атлетик се искачува на осмото место на табелата со 37 поени, сега само една позиција зад Сосиедад, кои имаат поен повеќе.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top