Top Sport

Алкараз го освои Рио за прв АТП трофеј, Нори со трофејот од Делреј Бич

Наследникот на Рафа Надал и големата надеж на шпаскиот тенис, Карлос Алкараз стигна до својата прва АТП титула во кариерата, откако тинејџерот со 6:4/6:2 го совлада Аргентинецот Диего Шварцман во финалето на Рио де Жанеиро опен во Бразил.

На турнирот каде што пред точно две години го имаше своето професионално деби, 18-годишниот Алкараз, кој на патот до финалето елиминираше двајца носители, започна лошо, губејќи брејк веќе во вториот гем, но се врати веднаш со ри-брејк, пред во деветтиот гем да направи уште еден брејк за 1:0 во сетови. Во вториот сет, тој ги искористи сите грешки на својот противник и со три брејка ја осигура победата, со која од понеделник првпат во кариерата ќе влезе во топ 20 на АТП листата.

Во Делреј Бич, на Флорида пак, до својата трета титула во кариерата стигна 26-годишниот Британец Камерон Нори, откако во маратонското финале беше подобар од Американецот Рeјли Опелка со 7:6(1)/7:6(4).

Scroll to Top