Атлетико Мадрид побарале извинување и „корегирање“ на однесувањето на голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, заканувајќи му се дека ќе ја отстранат плакетата со неговото име од пред нивниот стадион, тврдат шпанските медиуми.
Куртоа играше три сезони со „јорганџиите“, освојувајќи ја Ла лига, Копа дел реј и Лига Европа, по што замина во Челси, од каде контроверзно премина во лутите ривали на Атле, Реал Мадрид. Главниот проблем на Атлетико е изјавата по освојувањето на ЛШ со Реал Мадрид во мај, кога по победата над Ливерпул изјави дека „сега бил на добрата страна на историјата“. Покрај ова, за време на минатогодишното дерби на „Метрополитано“, тој на навивачите на Атлетико им ја покажа тетоважата од трофејот од ЛШ кој го освои со Реал.
Според „Мундо депортиво“, Куртоа веќе одговорил на писмото на Атлетико, и иако не се открива содржината, бордот на клубот не е задоволен од развојот на настаните.
🚨 Atletico Madrid: “A message has been sent to our former player Courtois saying he has failed to meet the standards for maintaining his plaque in statements that hurt sports fans, and offering him the possibility of correction and apology.”
— Madrid Xtra (@MadridXtra) January 12, 2023
Куртоа со изјавата за „вистинската страна на историјата“ стана омразен лик во Атлетико
Атлетико постави нова плочка со името на Куртоа пред „Ванда Метрополитано“