Атлетико Мадрид влезе во осминафиналето на шпанскиот Кралски куп, победувајќи со 0:2 на гости кај Реал Овиедо, во меч кој предизвика огромно внимание (посебно на островот), откако Диего Симеоне не го вклучи Жоао Феликс во тимот, во исчекување за понуда за преселба во Премиерлигата.
Маркос Љоренте го постигна првиот гол на мечот во 24. минута, а во нервозното второ полувреме, потврда на победата пристигна во 84. минута со голот на Пабло Бариос за 0:2.
И другите фаворити влегоа во осминафиналето – Севилја со 5:0 го совлада Линарес, Реал Сосиедад стигна до минимална 1:0 победа на гости кај Логроњес, додека на Мајорка и беа потребни продолженија за да стигне до 2:0 победа над Понтеведра.
КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/16 ФИНАЛЕ
Линарес – Севилја 0:5
Понтеведра – Мајорка 0:0, 0:2 по продолженија
Логроњес – Реал Сосиедад 0:1
Реал Овиедо – Атлетико Мадрид 0:2
🗣️𝐆⚽𝐋 𝐃𝐄 𝐀𝐓𝐋𝐄𝐓𝐈𝐂𝐎 𝐌𝐀𝐃𝐑𝐈𝐃‼️
👤 Pablo Barrios ⏱️83'
Real Oviedo 0️⃣🆚2️⃣ Atlético Madrid#CopadelRey 🇪🇸 🏆pic.twitter.com/zTE2Hwq19b— El Forastero (@ElForadeportivo) January 4, 2023