Top Sport

Семејството Рејна го уценувало американскиот селектор Берхалтер за да игра нивниот син?

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на САД, Клаудио Рејна и неговата сопруга Даниел праќале повеќе пораки до официјалните лица на Фудбалската асоцијација на САД (УСС) откривајќи го случајот на домашно насилство на селекторот Грег Берхалтер, откако тој не го пуштал во игра нивниот син Џио Рејна на Светското првенство во Катар, тврдат американските медиуми.

Берхалтер во вторникот преку соопштение потврди дека ја удрил со нога неговата сопруга при расправија во 1991 година, велејќи дека со оваа информација некој сакал да го уценува него и неговото семејство. Даниел Рејна и сопругата на Берхалтер, Росалинд четири години беа фудблери на Универзитетот на Северна Каролина, и Рејна ги знаела деталите за инцидентот, за што ги контактирала УСС на 11 декември, откако селекторот Берхалтер му соопштил на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џовани Рејна дека ќе има „лимитирана“ улога на Мундијалот во Катар.

Според „Фокс спортс“, ова е само влошување на односите помеѓу двете фудбалски семејства – Даниел и Росалинд требале заедно да патуваат на СП во Катар, но тие планови биле укинати поради Џио Рејна.

Американската федерација денеска потврди дека Ентони Хадсон ќе биде „привремен“ селектор за време на јануарскиот тренинг-камп на федерацијата додека трае истрагата за однесувањето на Берхалтер.

Scroll to Top