Top Sport

Атлетико еден месец без Трипие

Англискиот репрезентативец Керан Трипие бил опериран во вторникот, објави неговиот клуб Атлетико Мадрид.

Трипие ги оперирал препоните. Со повредата се здобил на натпреварот од Суперкупот на Шпанија на 12 јануари. Оттогаш десниот бек е надвор од тренажниот процес.

„Се обиде да го реши проблемот со конвенционални методи. Сепак на крајот решивме дека е неопходно да замине на операција“, објави клубот.

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Трипие, ќе отсуствува околу четири недели.

Англичанецот само ја зголеми листата на повредени играчи во Атлетико. Надвор од стројот се Жоао Феликс, коке, Диего Коста, Хосе Хименез и Алваро Мората.

Scroll to Top