Top Sport

Перишиќ со фрактура на зглобот

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ се повредил на тренингот на Баерн Минхен. Поради оваа повреда Перишиќ ќе биде надвор од тимот шест до осум недели.

Перишиќ се здобил со фрактура на глуждот по еден дуел со Алваро Одриозола.

Хрватот сезонава игра како позајмен играч од Интер во дресов на Баерн. Баварците за него платија пет милиони евра, а по завршувањето на сезоната ќе можат да го откупат неговиот договор за 20 милиони евра.

„Одлично влезе во сезоната и можно е да го откупиме неговиот договор. Со Интер имаме договор да преговараме на таа тема, секако дека ќе разговараме и со фудбалерот“, рекол претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.

Оваа сезона Перишиќ одиграл 19 натпревари на кои постигнал четири гола.

Scroll to Top