Атлетико Мадрид експресно најде замена за Шиме Врсаљко, кој наскоро треба да се пресели во Интер. Нов играч на „јорганџиите“ треба да стане Колумбиецот од ПСВ Ајндховен, Сантијаго Аријас.
Аријас минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во холандскиот шампионат, а за неговиот трансфер Атлетико ќе издвои 13 милиони евра.
Од друга страна Врсаљко најпрвин ќе му биде отстапен на Интер за 6,5 милиони евра, а по завршувањето на сезоната италијанскиот тим ќе има обврска да го откупи неговиот договор за 17,5 милиони евра, што значи дека Атлетико од трансферот на Хрватскиот репрезентативец ќе заработи 24 милиони евра.
Инаку, Сантијаго Аријас, ќе биде петтото засилување за екипата на Диего Симеоне, претходно на „Ванда Метрополитано“ пристигнаа голманот Антонио Адан, Тома Лемар, Родри и Желсон Мартинс.