Top Sport

Гарбахоса: Мора да се бориме против Евролигата

Хорхе Гарбахоса, преседател на Кошаркарската федерација на Шпанија, ја обвини Евролигата дека со распоредот на натпреварите и штети на кошарката. Некогашниот шпански репрезентативец во интервју за „АБЦ“, дека зголемувањето на бројот на натпревари во Евролигата е проблем генерално за кошаркарските репрезентации, меѓу кои е и шпанската.

„Ставот на Евролигата кон кошарката генерално, а посебно кон шпанската кошарка, му нанесува голема штета на нашиот спорт. Проблемот само се продлабочува и јас ги молам шпанските клубови да се спротивставата на лицето чии ставови се радикално против нашата кошарка. Ова не е опасно само за шпанската „АЦБ“ лигата туку е опасно за целата кошаркарска пирамида“, рекол Гарбахоса.

Прославениот крилен-центар истакнал дека зголемувањето на бројот на натпревари од сезона во сезона не е добро решение за здравјето на кошаркарите и дека сите треба да се борат против ова натпреварување.

„Доколку Евролигата се грижи за здравјето на играчите, зошто тогаш вклучува уште две нови екипи и со тоа добива уште четири натпревари плус во сезоната? Ова не е проблем за играчите на Компостела или Бургос, туку е проблем за играчите што настапуваат во лигата на господинот Бартомеу. Не може тој да ги лаже луѓето. Тоа е прашање што влијае на многу тимови и федерации. Не може да постои натпреварување што и нанесува толку голема штета на кошарката“, дополнил првиот човек на шпанската кошарка.

За потсетување, проблемот во европската кошарка трае веќе неколку години, бидејќи ФИБА Европа и УЛЕБ никако не можат да се договорат за најважните работи, поради што кошаркарите што играат во евролигашките екипи немаат можност да играат за своите нациоонални тимови во квалификациите за Светското првенство.

Scroll to Top