Top Sport

Атлетико го доби „малото“ мадридско дерби со Рајо на Димитриевски

Атлетико Мадрид ја забележа четвртата победа во низа во Ла лига за да се искачи на третото место на табелата, победувајќи кај Рајо Валјекано на македонскиот голман Столе Димитриевски со минимални 0:1.

По елиминацијата на Манчестер јунајтед во Лигата на шампионит, одличната серија на тимот на Диего Симеоне продолжи и во „малото“ мадридско дерби. Единствениот гол на мечот падна во 50. минута, кога Коке со одличен удар успеа да го совлада Димитриевски. Ова беше прв гол на Коке оваа сезона, но и 12-та сезона во низа во која тој постигнува гол во Ла лига.

„Рохибланкос“ сега се трети со 54 поени, два зад Севилја и 12 зад Реал Мадрид, но три поени пред Барселона, која има два меча помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top