Top Sport

Атлетико го потврдија доаѓањето на Лемар

Атлетико Мадрид го исполнија „ветувањето“ до Антоан Гризман и се договорија со Монако за трансфер на Томас Лемар на „Ванда метрополитано“.

Лемар, кој подолго време беше на листата на желби на Арсенал, треба да биде мотив повеќе за Гризман да ја одбие големата понуда од Барселона и да остане кај „јорганџиите“, бидејќи тимот ќе биде посилен и тоа за еден негов сонародник.

22-годишниот Лемар, кој е роден на Гваделупе, дојде во Монако од Каен пред сезоната 2015/16, и се промовираше во еден од најдобрите играчи во Лига 1, постигнувајќи 14 гола и 17 асистенции во 2016/17 кога Монако стигна до титулата во Франција и до полуфиналето од ЛШ.

27-годишниот Гризман пак, во вторникот изјави дека веќе ја направил одлуката за својата иднина, но дека ќе почека да заврши Мундијалот за да ја каже. Тој неколку пати бараше од управата на Атлетико да го засили составот за да можат да се борат еднакво со Реал Мадрид и Барселона.

Scroll to Top