Top Sport

Тајсон уште не му заборавил на Дон Кинг (видео)

Поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон јасно покажа дека уште го мрази својот поранешен промотер Дон Кинг, откако фрли чаша вода кон него на промоција во Куќата на славните на боксот во Њујорк.

Кинг беше еден од „креаторите“ на успехот на Тајсон во 1990-тите години, но контроверзните зделки на промотерот го примораа „Челичниот“ да го тужи Кинг за 100 милиони долари.

На промоцијата во Њујорк, 86-годишниот Кинг оди зад грбот на Тајсон и става рака на неговото рамо. Кога Тајсон забележува кој е следува остра расправија и тој фрла со чаша вода кон него. Тајсон призна дека згрешил што постапил така.

„Тоа беше незрело од моја страна и не требаше да го направам. Но, знаете, тој ме допре на рамото. Не знам… Зборуваше таму како да ми е пријател и тоа се глупости“, вели Тајсон.

Scroll to Top