По пет меча, Атлетико Мадрид го скрши „малерот“ и го совлада малиот каталонски клуб Џирона со 2:0 на „Ванда метрополитано“ за да го заддржи темпото со поголемиот каталонски клуб Барселона, кои сега бегаат седум поени на врвот на Ла лига пред гостувањето кај Вилјареал.
Во претходните пет меча на двата клуба имаше дури пет ремија – две во Копа дел реј и три во Ла лига.
До победата „рохибланкос“ не дојдоа лесно, откако во последните 15 минути го скршија отпорот на гостите. Прво Диего Годин во 76. минута од мечот со глава постигна гол, кој мораше да почека на потврда од ВАР системот, за победата да ја потврди Антоан Гризман во 94. минута од мечот.
Фото: ЕПА