Top Sport

Парондо: Не ни дадоа да дишеме, но сега е време за големото финале

Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо беше задоволен од тешко извојуваната победа над Мешков Брест на нивни терен по кој „црвено-црните“ повторно ќе го играат финалето од СЕХА лигата против ППД Загреб, во обид да стигнат до петтата титула од регионалното натпреварување.

„Навистина тежок меч во прекрасна атмосфера тука во Брест. Домашниот тим не ни дозволи да се опуштиме до последната минута, но моите момци на крајот на победија. Сакам да им честитам на моите играчи на победата, и сега е време мислите да се насочат кон големото финале“, изјави Парондо.

Според Иван Чупиќ, одлучило искуството на Вардар.

„Тежок меч, се надевам дека навивачите уживаа. Успеавме да направиме разлика во првото полувреме, но не ја запечативме победата бидејќи тие беа многу мотивирани да се покажат пред своите навивачи. Сепак, мислам дека нашето искуство како тим и како индивидуалци пресуди за оваа победа“, вели Чупиќ.

Фото: СЕХА лига

Вардар се намачи, Стоилов ги „крена“ за ново финале во СЕХА-лигата

Scroll to Top