Top Sport

Со 50.000 долари МОК го помага Мак-ракометот

Македонскиот олимписки комитет (МОК) за понатамошно унапредување на македонскиот ракомет обезбедиле финансиски износ од 50.000 долари, од кои 40.000 се веќе префрлени на сметката на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

„Сретствата се наменети за најдобрите македонски ракометари кои ќе учествуват на Светското првенство во Германија и Данска односно за нивните подготовки“, објави МОК на својата интернет страница.

МОК обезбедиле и дополнителни 10.000 долари за обука на тренери на Универзитетот за физичко образование и спорт во Будимпешта, Унгарија каде што еден македонски тренер ќе престојува на три месечна обука на овој престижен спортски универзитет.

Scroll to Top