Атлетико Мадрид сака да ја зголеми излезната клаузула во договорот на голманот Јан Обблак, за да се заштити од интересот на другите клубови.
Извршниот директор на мадридскиот тим, Мигел Ангел Марин, потврдил дека клубот сака да ја зголеми излезната клаузула, која сега изнесува 100 милиони евра.
Според договорот што истекува во јуни 2021 година, Облак би можел да го напушти клубот доколку некој клуб плати 100 милиони евра.
„Ќе се обидеме да ја зголемиме цената, но најважно во целата ситуација е дека клубот има целосна доверба во Облак. Знаеме дека сака да остане, а тоа е и наша цел“, рекол Марин.
Облак е во Атлетико од 2014 година, кога клубот за неговите услуги на Бенфика и плати 18 милиони евра. Синиќа, во Лион, Облак со Атлетико ја освои Лига Европа.
„Луѓето измислуваат и раскажуваат секакви работи. Имам договор со Атлетико и не знам што ќе се случи во иднина, бидејќи тоа не зависи од мене“, рекол Облак.
Облак со Атлетико, в недела, ќе го одигра последниот меч оваа сезона во Ла Лига. Против Еибар на Атлетико му е потребен еден бод за да ја заврши сезоната на второто место.