Top Sport

Атлетико Мадрид го купува Лаутаро Мартинез како замена за Суарез

Деновите на Луис Суарез во Атлетико Мадрид се „избројани“, а мадриѓаните тргнаа во потрага по фантастична замена. Тренерот Диего Симеоне најде играч по свој вкус како замена за голгетерот.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, желба на Атлетико Мадрид е аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез, фудбалерот на Интер.

Лаутаро е еден од најдобрите играчи во италијанскиот шампион, оваа сезона одигра 29 натпревари во Серија А и постигна 15 гола, а има договор со Интер до 2026 година. Сепак, веќе со недели се шпекулира дека наскоро би можел да си замине од „Џузепе Меаца“.

Доколку Атлетико Мадрид сериозно сака да го доведе Лаутаро Мартинез, тогаш ќе мора да плати најмалку 70 милиони евра.

Scroll to Top