Атлетико Мадрид е подготвен на „Ванда Метрополитано“ да го доведе данскиот фудбалер Кристијан Ериксен од Тотенхем и да ги расипе плановите на Реал Мадрид кој неколку месеци преговара со играчот од средниот ред.
Според информациите, се погласни се шпекулациите дека Ериксен ќе ги напушти „Спарси“ откако се појавија информации дека лондонскиот клуб е заинтересиран за услугите на Пауло Дибала од Јувентус и Фелипе Кутињо од Барселона.
На почетокот на летото Тотенхем бараше 150 милиони евра за Ериксен, но сега, на помалку од 24 часа до крајот на преодниот рок во Англија, „спарси“ имаа несреќен фудбалер во соблекувалната кој сака да си оди од Лондон.
Неофицијално, сопственикот на клубот, Даниел Леви кој е познат како тежок преговарач, сега Данецот би го продал и за 55 милиони евра.
На екипата на Диего Симеоне и треба засилување во средниот ред, а откако пропадна можноста Хамес Родригес да го доведат, сега ќе се свртат кон Ериксен во кого гледаат засилување за напад на титулата во Шпанија.