Талентираниот дефанзивец на Штутгарт, Озан Кабак, кариерата би можел да ја продолжи во редовите на Атлетико Мадрид. Кабак има 19 години, а во Штутгарт пристиган во јануари од Галатасарај за 11 милиони евра, што претставува клупски рекорд.
„Билд“ тврди дека од Мадрид покажале сериозен интерес за младиот дефанзивец, кој сигурно ќе замине доколку Штутгард не успее да избори опстанок во Бундес лигата.
Истиот извор шпекулира дека Атлетико биле подготвени да платат околу 30 милиони евра за овој фудбалер.
Атлетико Мадрид по завршувањето на сезоната целосно ќе ја обнови дефанзивната линија, Лукас Ернандез се сели во Баерн Минхен, договорите нема да им бидат продолжени на Хуан Фран и Фелипе Луис, а веројатно ќе заминат и Стефан Савиќ, односно Диего Годин.