Атлетико Мадрид стигна до победа (0:2) на гости против Севилја и се врати во триумфален ритам по двата последни порази. Тимот на Диего Симеоне беше подобар ривал и заслужено ги освои трите бода во Андалузија.
Маркос Љоренте го отвори резултатот во 29.минута, а Алваро Мората зголеми на 0:2 во вториот дел.