Top Sport

Атлетико му дозволи на Жоао Феликс да се пресели во Барселона

Трансферната сага околу Жоао Феликс е при крај. Португалскиот репрезентативец ќе замине на позајмица од Атлетико Мадрид во Барселона. Преговорите меѓу двата клуба се во напредна фаза и најверојатно ќе бидат финализирани во текот на викендот.

Барселона е единствениот тим во кој Феликс сака да се пресели. Својот интерес за него го призна и претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта, а самиот фудбалер во интервју изјави дека се надева кариерата да ја продолжи на „Камп Ноу“ и го налути раководството на Атлетико.

Чави Ернандез првично беше против потписот на напаѓачот, но сега нема против да го има во својот тим.

Барселона ќе плати меѓу 7 и 8 милиони евра за да го земе Жоао Феликс на позајмица. Во договорот ќе има и откупна клаузула. Каталонскиот клуб целосно ќе ја покрие платата на играчот која е околу 10 милиони евра.

Жорге Мендеш има клучна улога во преговорите. Агентот на Жоао Феликс е во одлични односи со новиот спортски директор на Барса, Деко.

Scroll to Top