Top Sport

Атлетико „пукна петарда“ со Еибар, Севилја триумфално во Сан Себастијан

Во висок стил лидерот во Ла Лига, мадридски Атлетико славеше на денешниот меч од 30 коло против Еибар.

„Јорганџиите“ на Симеоне со 5-0 го совладаа немоќниот противник и се одлепија на врвот на табелата.

Анхел Кореа и Маркос Љоренте со по два гола во мрежата на Дмитровиќ се творците на големиот успех.

На истекот на првото полувреме, во 42 и 44 минута Кореа беше стрелец на двата погодока за комотно водство по првиот дел.

На почетокот на вториот дел Караско во 49 погоди за 3-0, а до крајот Љоренте со двата погодока во 53 и 68 минута ја запечати судбината на „фенерџијата“ кој грчевито се бори за опстанок во елитната конкуренција.

Со трите бода пулените на Чоло Симеоне сега се на +4 пред Реал Мадрид (вечерва од 21 часот „Кралевите“ гостуваат кај Хетафе) и +5 пред Барса која за 4 дена го пречекува токму Хетафе.

Во останатите неделни мечеви во Ла лига кои завршија досега Алавес со 1-0 славеше против Уеска, Реал Сосиедад со 1-2 беше поразен од Севилја, а Осасуна со 2-0 беше подобра од Елче.



Scroll to Top