Барселона, на шета на клубот успеа да се откачи од Филипе Кутињо, играч за кого во јануари 2018 година беа платени 135.000.000 евра. Кутињо за само 20.000.000 евра Барса го продаде во Астон Вила.
Шпанските медиуми, пишуваат дека со продажбата на Кутињо клубот решил еден проблем, но дека наскоро ќе се соочи со уште еден.
Според овие извори, Атлетико нема намера да го откупи договорот на Антоан Гризман. Или не сака да го откупи за 40.000.000 евра.
Гризман во јуни 2019 година, од Атлетико се пресели на „Ноу Камп“ за 120.000.000 евра.
Во Барселона никогаш не ја дотигна формата во која играше за Атлетико. Во последните часови од преодниот рок, францускиот репрезентативец реши да се врати на „Ванда Метрополитано“.
Сепак, не ги оправда очекувањата. Гризман зад себе ја има најлошата сезона во кариерата. Во Ла Лига постигна само четири гола, во Лигата на шампионите пет, а еднаш беше стрелец и во Купот на Шпанија.
Тој речиси три месеци отсуствуваше од тимот поради повреда на стапалото.