Очајниот обид на Манчестер јунајтед да дојдат до засилувања пред крајот на преодниот рок, придонел клубот да понуди неверојатни 130 милиони евра на Атлетико Мадрид за Жоао Феликс, понуда која била одбиена од „рохибланкос“, тврди шпанскиот „АС“.
Според нив, тренерот Диего Симеоне смета на Португалецот како на најважен фудбалер во неговиот состав, додека Атлетико се „мирни“ бидејќи 22-годишниот Феликс има откупна клаузула од 350 милиони евра.
Феликс, инаку, е четвртиот најскап фудбалер во историјата, откако Атлетико плати рекордни 126 милиони евра за неговиот трансфер од Бенфика во 2019 година. Во 112 меча за Атлетико тој има 29 гола, а беше дел од тимот кој ја освои шпанската титула во 2020/21.
Според „АС“, Јунајтед биле импресионирани од Феликс за време на пријателскиот меч со Атлетико, во кој шпанскиот клуб славеше со 1:0, а Феликс го постигна единствениот гол.
❌?El Atleti rechaza 130 millones de euros del United por João Félix
?El club rojiblanco la rehusó y remitió a la cláusula del portugués de 350 milloneshttps://t.co/3tvNoThke8
— Diario AS (@diarioas) August 17, 2022
Роналдо во Атлетико Мадрид, Жоао Феликс во Манчестер Јунајтед?