Top Sport

Џабе прекрасниот гол на Миовски, Абердин не успеаја да влезат во финалето на Шкотскиот лига куп

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжи со одличните настапи за шкотскиот Абердин, но не успеа да ги однесе до финалето на Шкотскиот лига куп, откако и неговиот гол не беше доволен за победа против фаворитот Глазгов Ренџерс, кои по продолженијата стигнаа до 2:1 победа.

Миовски во 17. минута постигна гол кој беше поништен поради офсајд, за во 41. минута по една фантастична акција, да го совлада противничкиот голман. Но, Ренџерс израмнија во 61. минута со голот на Рајан Џек. Абердин остана без капитенот Стјуарт кој доби директен црвен картон, за во 94. минута во продолжението, Кемар Руф да донесе победа за Ренџерс, кои во финалето ќе играат со големиот ривал Селтик.

Scroll to Top