Top Sport

Атлетико победи, Жоао Феликс се повреди (Видео)

Атлетико Мадрид во првата проверка пред почетокот на новата сезона ја совладаа Нумансија 3-0. Мечот поради повреда пред време го заврши најскапото засилување во историјата на клубот Жоао Феликс.

Во почетниот состав на Атлетико имаше пет нови имиња, но победија со головите во вториот дел кога тренерот Симеоне го „измеша“ составот. Лоша вест за него е повредата на Феликс.

Момчето за кое Атлетико платија 126 милиони евра се повреди во 17 минута, а десет минути подоцна држејќи се за колку излезе од теренот. Не е познато за каква повреда се работи.

Головите за Атлетико ги постигнаа Витоло, Шапоњиќ и Фелипе.

Scroll to Top